
 |
„Агроконсалтинг КОЦЕВ” ги нуди следните услуги:
- Подготовка на бизнис план за реализација на инвестиции од областа на примарното земјоделско производство и преработка на земјоделски производи и добивање на кредит од банки/штедилници;
- Посредување, подготовка и обезбедување на потребната документација за добивање на кредити од банките/штедилниците во Република
Македонија;
- Советодавни услуги заради обезбедување на средства од Програмите за поддршка на Владата на Република Македонија:
- Програмата за рурален развој,
- Програмата за субвенционирање,
- Програмата за конкурентност (воведување на меѓународни стандарди).
- Советодавни услуги и поддршка при имплементација на меѓународни стандарди (пр. EUREPGAP, HACCP и сл.);
- Посредување при регистрација на индивидуални земјоделски производители;
- Организирање на обуки за индивидуални земјоделски производители на различни теми, на пример:
- воведување на книговодство на фарма;
- стандардизирано земјоделско производство;
- сите фази од процесот на земјоделско производство и сл.
- Советодавни услуги на индивидуални земјоделски производители при обезбедување на средства од претпристапните ЕУ-ИПА фондови наменети за поддршка на земјоделството во Република Македонија.
|
|